Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија назадува: Тајни купувачи посетиле кафулиња и продавници во регионот, еве ги резултатите!
Македонија

Македонија назадува: Тајни купувачи посетиле кафулиња и продавници во регионот, еве ги резултатите!

29/07/2025

AA

Македонија е земјата со најголем пад во квалитетот на услуга на продажни места во споредба со останатите држави во регионот, покажува најновото истражување „Регионална услуга-GUEST“ на агенцијата Хераклеа. Истражувањето е спроведено од 1 до 30 јуни во соработка со агенции за тајна набавка од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија.

Со вкупен резултат од 71,67 отсто, Македонија оваа година бележи значителен пад во споредба со минатогодишното истражување, а според извештајот, токму нашата земја има најмногу области за унапредување. Особено слабо стои во категоријата нудење дополнителен производ, која со години наназад се издвојува како најслаба точка и во регионалните просеци.

Истражувањето опфатило 400 продажни места од различни сектори – автомобилска индустрија, бензински пумпи, финансиски институции, малопродажба, туризам и угостителство, како и други услужни дејности. Тајните купувачи оценувале пет клучни елементи: поздрав, утврдување на потребите на клиентот, познавање на производот, нудење дополнителен производ и благодарност за посетата.

Најдобар резултат во регионот оваа година постигнала Босна и Херцеговина со 85,11%, и покрај благ пад во споредба со лани. Зад неа се рангираат Словенија, Црна Гора и Хрватска, додека Македонија се најде на последното место од вкупно шест земји.

Сепак, и покрај опаѓачкиот тренд, истражувањето нотира дека и во Македонија најдобри резултати се постигнуваат во категоријата познавање на производот, што укажува на добри основи, но и на сериозна потреба за обука и стандардизација на пристапот кон клиентите во останатите сегменти од услугата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy