Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА Е ЦЕНТРАЛНА ТОЧКА НА КОРИДОРОТ 8 За да се раздвижи оската треба да се олеснат и некои процедури
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЦЕНТРАЛНА ТОЧКА НА КОРИДОРОТ 8 За да се раздвижи оската треба да се олеснат и некои процедури

19/02/2026

AA

Албанија, Италија, Бугарија, Северна Македонија и Романија потпишаа Заедничка декларација за Коридорот 8 во Тирана, дефинирајќи го како стратешка оска за поврзаност, економски развој и безбедност на регионот.

Петте земји ја потврдија својата посветеност да го претворат Коридорот 8 во функционална артерија на трансевропската транспортна мрежа со директна релевантност за постепената интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

Македонија ја претставуваше министерот за надворешни и меѓународна трговија Тимчо Муцунски.

Како што соопшти Министерствто за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски на состанокот присуствувал на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, а присутни биле и министрите од Италија, Бугарија и од Романија.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакнал важноста од целосно вклучување на сите клучни актери, нагласувајќи дека улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија, е суштинска за Коридор 8 да стане вистинска европска врска од почеток до крај.

Осврнувајќи се на националните обврски, Муцунски потенцирал дека државата, како централна точка на коридорот, останува целосно посветена на неговата реализација. Како значаен исчекор било посочено потпишувањето на договорот со Бугарија за прекуграничниот железнички тунел во ноември 2025 година. Првата железничка делница на источниот дел е завршена, втората е во изградба, а работите напредуваат и на третата. Во патниот сегмент, целта е целосна автопатска и експресна поврзаност од Ќафасан до Деве Баир до 2029 година.

Била истакната и енергетската димензија на коридорот, како и потребата од усогласување на процедурите, граничното управување и олеснувањето на трговијата, со цел новата инфраструктура да биде придружена со модерни и ефикасни стандарди. Посебен акцент бил ставен на искористување на европските финансиски инструменти, вклучително и следната програма „Connecting Europe Facility“, за забрзување на имплементацијата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите.

Соговорниците се согласиле дека фокусот во наредниот период треба да биде на реализација на финансиски одржливи проекти, координирана прекугранична имплементација и одржување на еднаков интензитет на реализација долж целата траса на Коридор 8.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на

19/02/2026
Македонија

Казнети четири градилишта во Центар, еве зошто!

19/02/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 60% ОД НОВИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДИПЛОМАТИ Се

19/02/2026
Македонија

Аларм во Вевчани: Жителите загрижени од непознато лице кое демне

19/02/2026
Македонија

„Многу сме блиску до склучување договор со САД“, вели Муцунски

19/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЦЕНТРАЛНА ТОЧКА НА КОРИДОРОТ 8 За да се

19/02/2026
Македонија

Муцунски: Огромни можности за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија

19/02/2026
Македонија

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии!

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41649
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот во Штип:

19/02/2026

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле

Казнети четири градилишта во Центар, еве зошто!

19/02/2026

Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност

ПОВЕЌЕ ОД 60% ОД НОВИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДИПЛОМАТИ Се менува сликата за дипломатските претставници

19/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy