Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Mаестро Александар Џамбазов: Во 5:17 почнаа да паѓаат работи врз количката на Игор, да не го земеше Анче пред време – готово!
Македонија

Mаестро Александар Џамбазов: Во 5:17 почнаа да паѓаат работи врз количката на Игор, да не го земеше Анче пред време – готово!

26/07/2023

AA

26-ти јули. Игор Џамбазов слави 60-ти роденден, а Скопје се сеќава на разорниот земјотрес.

„Во 5 и 17 дрмнува не сме почувствувале земјотрес не знаеме што е .Почнуваат да паѓаат одозгора работи кај што беше количката на Игор. Да не го земеше Анче пред време – готово“, рече маестро Александар Џамбазов.

„Знаете во тоа време немаше свадби по кафани, пријатели се собираа дома, мајка ми си спремаше фрижидерот полн со храна. Во тоа време немаше многу места каде да се шета, на корзо. Се вратив легнав да спијам, сабајле кога здрма, чашите изглегуваа, татако ми стана и вика надвор никако, под столбовте застенете.“, изјави Борка Велковса.

15.800 станови биле урнати, а 28 000 оштетени. Над 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Штетата од земјотресот била проценета помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија. 87 нации испратиле помош Скопје повторно да се изгради, со што го добива епитетот „Град на солидарноста“.

На денешен ден 1963 во Скопје е роден Игор Џамбазов, актер, шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.

Потекнува од родителите, Александар Џамбазов – композитор и Анче Џамбазова – актерка, а внук е на истакнатиот актер Петре Прличко.

Со актерството започнува уште на 12 годишна возраст, со улогата во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

На само 12 години, во 1975 ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката.

Петнаесет години подоцна д-р Васил Тупурковски ја промовирал летната култна скопска атракција Хавана Бенд во кој настапувале: Игор, Горан Атанасов – Зеко и Сашо Пижевски – Пиже и за неколку месеци од своето постоење реализирале три снимки: „Дај ми, жити све…“, „Нема спас“ и „Шток ми, бејби“, кои никогаш, во интегрална, студиска верзија не биле официјално објавени на некаков носач на звук. Освен на касетата Поп-рок хит ’91 (на МКПМРТВ), каде во друштво со најголемите македонски хитови се најде и Шток ми, бејби, една од подобрите песни во таа 1991 година. Песните, чиј комплетен автор бил Џамбазов биле снимени во студиото на Тоше Поп Симонов.

Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов бил три пати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот – „македонскиот шоумен“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy