Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М-Р ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРАТА ДА СОЗДАДЕ, ИЗГРАДИ, ДА ОБУЧИ, РАЗВИЕ И ДА ПРОМОВИРА 100 НОВИ ЛИДЕРИ КОИ ЌЕ СОЗДАВААТ НОВА, ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ“
Економија

М-Р ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРАТА ДА СОЗДАДЕ, ИЗГРАДИ, ДА ОБУЧИ, РАЗВИЕ И ДА ПРОМОВИРА 100 НОВИ ЛИДЕРИ КОИ ЌЕ СОЗДАВААТ НОВА, ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ“

10/02/2025

AA

Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“ и потпретседател на Стопанската комора, човек кој своето знаење и искуство стекнато во странство сака да го пренесе во својата држава, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески зборува за задачата на Комората да создаде, изгради, да обучи, развие и да промовира 100 нови лидери, млади, стручни, образовани, емпатични, кои ќе бидат движечката сила на Комората, на нејзините членки, но и на државата, на македонската економија и на општеството, лидери кои со своето знаење и компетентност секојдневно ќе создаваат нова, додадена вредност преку креирање нови и иновативни услуги.

Според него, ако сакаме напредок на македонската економија и на општеството во целина, а истовремено да бидеме и привлечна дестинација за странски инвестиции, 100-те лидери во следните 100 години ќе мора да ја трансформираат Комората во двигател на активностите насочени кон зголемување на правната сигурност и извесност, како и кон создавање предвидливи и одржливи услови за водење бизнис.

Виктор Мизо истакнува дека работите во една компанија зависат од лидерот, неговите способности, неговите идеи и од неговата креативност, но лидерот мора да ја има поддршката од целиот тим и заеднички да работат. За него не е важна лојалноста на вработените, туку довербата заеднички да се работи.

„Лојалноста не е најважната работа, туку некој да верува во тоа што сакате да го постигнете и каде сакате да ја однесете организацијата; да креирате ентузијазам и желба луѓето со жар и волја да работат на постигнување на заедничката цел“, потенцираше Мизо.

Во продолжение на подкастот тој зборува за важноста на човечкиот кадар, на неговата едукација и неговото доусовршување, кои треба да бидат континуирани, да нема застој и да има систем кој ќе се надградува.

„Во секоја компанија, во секоја организација човечкиот кадар е основата. Без човечки кадар и без знаење не можете да одите напред. Може да имаме колку сакаме роботи и автоматика, но без луѓе не оди ништо. Неопходно е континуирано учење и доусовршување на полето на менаџментот и на лидерството, како и во сферата на работењето, затоа што тоа што се учи на факултетите не е доволно бидејќи технологијата оди напред“, истакна Мизо.

Според него, треба да се следат примерите на странските компании, кои имаат план за кадар кој ќе треба да ги замени лидерите доколку се случи нешто со нив. Објаснува дека странските компании за секоја позиција имаат планирано луѓе, кадар однатре, кој ќе го замени лидерот доколку се случи нешто со него. Тие никогаш не замаат кадар однадвор, самите го креираат кадарот кој расте и напредува во скалата на раководење. Тој потенцираше дека овој пример треба да го применуваат и државата и Комората.

Целиот разговор на линкот. 

https://youtu.be/RKOL7b-9s_0?si=GyqNTnAkFfyEc1zf

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy