Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот беше незаконски, свесно ја загрозува безбедноста
Македонија

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот беше незаконски, свесно ја загрозува безбедноста

24/10/2025

AA

Раководството на Македонската навигација (М-НАВ) денеска излезе со остра реакција, тврдејќи дека претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на својата прес-конференција пред два дена јавно признал дека најавениот штрајк бил незаконски. Од М-НАВ го обвинуваат Тасевски дека свесно спроведува незаконски напад врз компанијата, ја загрозува безбедноста во авиосообраќајот и го руши угледот на институцијата и државата заради лична промоција.

Реакцијата на М-НАВ следува по прес-конференциите одржани на 22 октомври, прво од страна на адвокатот на М-НАВ, а потоа и од страна на Тасевски. Штрајкот, кој требаше да се одржи на 20 октомври, беше забранет како незаконски од страна на Основниот граѓански суд во Скопје.

Според М-НАВ, Тасевски самиот ја потврдил незаконитоста кога изјавил дека барањата за заштита на работнички права биле доставени уште во 2023 година и кога одговорил дека во евентуална нова најава за штрајк не може да ги наведе тие барања, бидејќи тоа би изискувало отпочнување на нова постапка за помирување.

„Во врска со изнесените наводи на г-динот Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот… е незаконски и дека г-динот Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон“, се вели во соопштението на М-НАВ.

Од компанијата, исто така, го оспоруваат правниот легитимитет на ССКЛ да организира штрајк, наведувајќи дека тој е регистриран само како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски и нема сопствен правен субјективитет. Според М-НАВ, сите синдикални активности, вклучително и штрајк, подружницата може да ги остварува единствено преку матичниот синдикат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy