Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЛУЃЕТО ШТО КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО“ – од ДУИ велат: Тие се без статички проекти и сеизмичка проценка
Економија

„ЛУЃЕТО ШТО КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР НЕ МОЖАТ ДА СПИЈАТ МИРНО“ – од ДУИ велат: Тие се без статички проекти и сеизмичка проценка

01/06/2025

AA

Демократска унија за интеграција, најголемата албанска опозициска партија, критикува дека Јавното обвинителство, како што велат, како никогаш досега е претворено во покорна алатка на извршната власт, а правдата ставена под нејзина целосна команда. Партијата го темели ваквото обвинување врз основа на случајот со пожарот во Кочани и, како што велат од ДУИ, тишината околу урбаната катастрофа во скопски Чаир.

„Во Кочани, по трагедија што го потресе целото општество, истрагата е затворена без ниту еден партиски функционер да биде повикан како осомничен иако е јасно за секој граѓанин дека одговорноста е директна и лежи врз Министерството за внатрешни работи и надлежните институции. Молкот на обвинителството е форма на политичка амнестија  и навреда за жртвите и нивните семејства“, велат од ДУИ.

Оценката на ДУИ за случајот со дивоградбите во Чаир, пак, е дека во реално време се случува урбан криминал.

„Повеќе од 150 бесправни градби без статички проекти, без сеизмичка проценка, со нелегално поврзување на струја и без пристап за пожарна или брза помош се живи закани за илјадници граѓани. Луѓето што купиле станови таму не можат да спијат мирно поради страв за животите на своите деца и семејства“, нагласуваат од партијата на Али Ахмети.

Оттаму сметаат дека овие случаи се пример не за селективна, туку за укината, диригирана и контролирана правда, свесно насочена против интересите на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy