
Лошите временски услови предизвикаа откажување на летови од и за Истанбул
Многу летови од и за Истанбул денес се откажани поради лоши временски услови, соопшти турското министерство за транспорт.
На аеродромот „Сабиха Ѓокчен” првично беа откажани 10 отсто од планираните летови за 6 февруари, но подоцна беше соопштено дека се откажани и други. Утре (7 февруари) исто така се очекува да има откажување на летови.
