
ЛЕЖАТ 30 ДЕНА ВО ЦРНА ГОРА: Еден од натпреварувачите ослабел, друга не станува поради цените на горивото
Натпреварот во лежење во Црна Гора уште трае.
Помина скоро месец дена поради што натпреварувачите би можеле да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Во селото Брезна, недалеку од градот Никшиќ, се одржува натпревар во лежење, а од 21, колку што биле на почетокот, останале само 5 натпреварувачи. Тројца мажи и две девојки се борат за титулата „најголемиот мрзливец“ и награда од 1.000 евра, а никој не сакал да се откаже сега кога победата била толку блиску.
„Сите рекорди се соборени одамна. Било кој од овие 5 натпреварувачи и да победи, го има заслужено тоа. Никој не сака да се откаже сега, ова е многу повеќе од натпревар во лежење, ова е вистинска психолошка игра. Ние се трудиме да им обезбедиме најдобри услови. Им носиме храна и пијалаци, има и лекари кои се грижат за нивното здравје“, изјавил Миќо Благојевиќ“, креаторот на натпреварот.
Еден од натпреварувачите ослабел, друга не станува поради цените на горивото. Сиот свет чул за лежачите во Брезна, бидејќи бројни регионални и светски медиуми го следеле најчудното натпреварување во Европа. Веќе 12 години се одржува овој натпревар.