Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар
Магазин

Левица: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар

13/04/2025

AA

Министерството за внатрешни работи, под водство на Панче Тошковски, постапува само неколку дена по трагедија – доволно за да се покријат вестите, да се закажат прес-конференции и да се сервираат бројки за јавноста. Но веднаш штом вниманието спласне, контролите исчезнуваат, а со нив и „одлучноста“ што се најавувала. Наместо континуирана грижа и системска работа, гледаме краткотрајна акција – спектакл за медиумите што секогаш завршува исто: со нова трагедија и ново уверување дека „сега навистина ќе се преземат мерки“, реагира Левица.

Улиците низ главниот град и низ градовите низ Македонија се претвараат во патеки на смртта. Само во последниов месец и покрај помпезните најави и фалби на Тошковски за засилени контроли – се случија повеќе сообраќајни незгоди од истиот период лани. 

Самиот Тошковски пред извесен период изјави дека во Македонија само изминатата година имало 30 жртви пешаци и околу 140 жртви во сообраќајни незгоди ширум државата, а тоа се бројки коишто се за четвртина повеќе од просекот на Европската Унија.  

Граѓаните најголемиот проблем го посочуваат во спроведувањето на полициската контрола, бидејќи секојдневно сме сведоци на дивеењето по улиците со над 100 километри на час во урбани средини, навечер булеварите се претвораат во тркачки патеки, а полицијата е присутна само по трагедија, со цел министерот да се пофали дека е наводно одговорен и одлучен. 
За ставање во функција на проектот „Безбеден град” постојано се расфрлаат со датуми, но во реалноста не се преземаат никакви мерки кои укажуваат дека наскоро истиот би бил имплементиран и функционален.

Засилени полициски контроли има само после поголема трагедија додека да се смири револтот кај граѓаните, и потоа билтенот на МВР продолжува секојдневно се полни со црни статистики. Од Министерството на внатрешни работи како и од Бирото за јавна безбедност наместо директна интервенција на терен или соодветни законски измени за подобрување на состојбата во сообраќајот – добиваме само апел за поголема свесност кај возачите, се вели во реакцијата на Левица. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник.

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy