Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе трча за Струга
Македонија

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе трча за Струга

13/09/2025

AA

Од Левица денеска преку соопштение информираат дека во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е ЕДИНСТВЕНАТА парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници.

„Во Општина Струга, кандидат за градоначалник е актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована МОЈСОСКА – дипломирана на Факултетот за безбедност и генерален секретар на Левица. Нејзиното искуство, политичка активност и лична посветеност се гаранција дека ќе го брани јавниот интерес и ќе понуди вистински решенија за проблемите со кои се соочува Струга.

Во Општина Тетово, кандидат е д-р Катка БОЖИНОВСКА, доктор на правни науки од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а денес вработена на Државниот Универзитет во Тетово. Со своето академско знаење, долгогодишна професионална кариера и интегритет, таа ќе се залага за враќање на законитоста, правдата и вистинското владеење на правото во Тетово.

Во Општина Гостивар, кандидат за градоначалник е Дарко ГРУЈОСКИ, ИТ-специјалист и информатички оператор со завршени студии по компјутерски науки и технологии. Тој претставува новата генерација професионалци, подготвени со современи пристапи и технолошки решенија да ги подобрат јавните услуги и транспарентноста на локалната самоуправа.

Под силен притисок од коалициските договори со партијата ВЛЕН, ДПМНЕ донесе одлука да нема свои кандидати во овие општини. Ние ова го сметаме за невидено ПОНИЖУВАЊЕ и обезличување на македонскиот народ во западниот дел на државата. Со тоа, уште еднаш станува јасно дека за големите партии, интересот на граѓаните е подреден на партиските пазари и ЕТНИЧКИТЕ ПАЗАРАЊА кои водат кон федерализација!

Левица е таа што се спротивставува на ваквите политики! Нашите кандидати се луѓе со кредибилитет, знаење и професионални компетенции, личности кои ќе управуваат со општините на темел на ИДЕОЛОГИЈА и програма, а не врз основа на етнотрибализам, клиентелизам и корупција.

Затоа, на овие избори повикуваме на мобилизација на сите граѓани кои сакаат промени и кои сакаат во нивните општини да владеат вистински вредности“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy