Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левица поднесе интерпелација за Тошковски
Македонија

Левица поднесе интерпелација за Тошковски

14/04/2025

AA

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес – конференција изјави дека пратеничката група на Левица денес поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

– Од позиција на министер, Тошковски грубо ја занемари и несоодветно ја извршуваше својата јавна функција, постапувајќи нестручно, неодговорно и непрофесионално што се оделотвори во низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови промашувања во МВР – рече Јанчев од Левица.

Од Левица, на прес – конференцијата  образложија дека интерпелацијата е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани и тоа:

1. Немање никаква контрола врз дискотеката „Пулс“ што е изричнo законска обврска на МВР. Согласно член 21 став 1 алинеа 4 од Законот за угостителска дејност МВР дава согласност за угостителски објект дали ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. МВР, исто така, е надлежна да утврди гласност, точење на алкохол, користење на психотропни супстанци и дроги, присуство на малолетници и т.н.

МВР потфрли во сето ова. Долг период се избегнува во истрагите да се вметнат и лица, функционери и носители на јавни функции коишто се блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Не слушнавме дека актуелната началничка на ОВР – Кочани и началникот на Одделот за криминалистички работи се вклучени во истрагата. Тие се година дена на функција, а вториот има слика во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.

Не слушнавме дека во истрагата е вклучена инспекторката за економски криминал на ОВР Кочани, која имајќи ги предвид нерегуларностите на работењето на дискотеката не презела никакви мерки за истрага коишто и се законска обврска. Не слушнавме дека во истрагата е вклучен и сменоводителот за време на кобната ноќ, којшто не презел мерки за контрола на објектот и обезбедување јавен ред и мир, па во објектот се нашле и малолетни лица.

Дополнително, во време на мандатот на Тошковски е обновена лиценцата на оваа дискотека. Тој е министер повеќе од една година, затоа што тој беше министер и во техничката влада и во сите овие пропусти, директна командна одговорност има Министерот за внатрешни работи.

2. Втор основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства. Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР е таа којашто води евиденција на издадени одобренија за пиротехнички средства. Согласно член 33 од Законот за експлозивни материи, МВР е надлежен орган за забрани за ракување со пиротехнички средства, кои се ракувани од нестручни, неоспособни и неовластени лица. 

Од медиумите дознавме дека и претходно во дискотеката се користени пиротехнички средства. Немаме никаква информација дека МВР било кога постапило во вакви случаеви, а ни дека некогаш биле поднесени било какви дисциплински мерки од страна на Министерот за неговите подредени за неисполнување на службените должности, што е доказ за несоодветно менаџирање со системот на јавна безбедност.

3. Третиот основ е неукажувањето помош од страна на полицајците, за време на настанот. Согласно член 5 став 1 алинеа 19 од Законот за полицијата, „полициски службеник е должен да презема мерки и активности за помош на настрадани дури и надвор од работното време“.

4. Четвртиот основ се непроцесуираните фејзбук – закани упатени кон критичарите на власта во време на колективна траума и јавен револт. Јавноста беше сведок на несовесни обвинувања, изнесување невистинити информации и закани, особено, на социјални мрежи и оркестриран јавен линч и партиски хајки против неистомисленици и критичари на власта.

5. Петтиот основ е злоупотребата на МВР со забраната за дронови со цел задушување на протестите. Согласно Правилникот за воздухоплов и безекипаж, одредени зони можат да бидат ограничени, но ваквите одлуки морат да бидат прецизно дефинирани и јавно достапни за сите засегнати страни.

Јанчев ги истакна и останатите основи коишто не се поврзани со трагедијата во Кочани:

1. Апсењето на граѓани во гостиварско кои се собраа да чистат стара црква и им беше пуштено полиција и насилно беше разбиена акцијата и се стори потенцијал за несакани меѓуетнички тензии;

2. Непостапувањето на полицијата при палење на македонското знаме при прославата на денот на албанското знаме. Ние сведочевме случај на фанатичен сепаратизам и анти-македонизам, кога се запали знамето, се пукаше со автоматско оружје, а полицијата стоеше со скрстени раце.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски до Обвинителството: Трпението е при крај!

24/05/2026
Македонија

СЛЕДИ СТАБИЛИЗАЦИЈА И ПОТОПЛИ ДЕНОВИ: Еве какво време нè очекува

24/05/2026
Македонија

Македонското МНР ја осуди Русија за новите напади врз Украина

24/05/2026
Македонија

Приведен водич од Косово во автобус: Ставил 50 евра во

24/05/2026
Македонија

Мицкоски: Словото е идентитет, народ што не чита – престанува

24/05/2026
Македонија

Пожар во стан во Гази Баба, настанал од запалена свеќа!

24/05/2026
Македонија

Притвор за 40-годишен битолчанец кој претепал и на сила држел

24/05/2026
Македонија

Татко се „пресметал“ со соученик на синот во Илинден: Го

24/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43443
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски до Обвинителството: Трпението е при крај!

24/05/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Црква Света Софија испрати силни пораки за борбата против корупцијата и функционирањето на правосудниот систем,

СЛЕДИ СТАБИЛИЗАЦИЈА И ПОТОПЛИ ДЕНОВИ: Еве какво време нè очекува следната седмица

24/05/2026

По променливиот период, пред нас е недела која носи вистинско стабилизирање на атмосферските прилики, значителен пораст на температурите, но и

Македонското МНР ја осуди Русија за новите напади врз Украина

24/05/2026

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија преку објава на социјалните мрежи остро ги осуди најновите масовни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy