Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕВИЦА ГО „ПАЛИ“ ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Поранешни функционери на ДУИ и роднини на Меџити директори на МЕПСО и ,,НОМАГАС”
Економија

ЛЕВИЦА ГО „ПАЛИ“ ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Поранешни функционери на ДУИ и роднини на Меџити директори на МЕПСО и ,,НОМАГАС”

25/08/2024

AA

Опозициската Левица излезе со сериозни обвинувања околу кадровската политика на помалиот коалициски партнер во Владата Вреди.

„Владините кадровски решенија за директори продолжуваат онаму каде што застана режимот на СДС и ДУИ, па дел од новите директори се директни роднини на вицепремиерот Изет Меџити – со што станува јасно дека непотизмот, наместо професионализмот, се приоритети на коалиција ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ.

Имено, за директор на МЕПСО претходно беше назначен Бурим Љатифи, прв братучед на Изет Меџити. Директорската позиција во ,,НОМАГАС” ја доби Мухамед Елмази, актуелен советник во Советот на град Скопје од редовите на ДУИ и повторно братучед на Изет Меџити. Непотизмот во енергетските претпријатија не застанува тука, па во текот на вчерашниот ден за член на Управниот одбор на ЕСМ беше назначен Зоран Коњановски, брат на градоначалникот на Битола – Тони Коњановски.

Ваквото однесување е само најава дека ќе продолжи злоупотребата на јавните ресурси за лични и партиски придобивки, што ја намалува довербата на јавноста во институциите и создава ризик за неефикасно управување со критичната енергетска инфраструктура.

Левица предупредува дека ваквите назначувања на раководни позиции, без оглед на квалификациите на кандидатите, ја поткопуваат довербата и создаваат услови за корупција и несоодветно менаџирање на националните енергетски ресурси.
ДПМНЕ и истрошените кадри на ДУИ кои се прешалтаа во ВРЕДИ продолжуваат таму каде што застанаа СДС и ДУИ. Додека проектот ЗНАМ глуми коректив на власта со празни закани за напуштање на владата, додека институциите се полнат со роднините на поранешниот експонент на ДУИ, Изет Меџити“, се вели во соопштението од Левица. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy