Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите
Македонија

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

10/09/2025

AA

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни регистарски таблички, велат од ЛДП во соопштение до јавноста.

„Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, потврди дека сите институции ќе мора да ги заменат табличките до крајот на годината. Првичниот рок од 15 септември е продолжен до 29 септември, а како конечен датум се споменува 31 декември, кога Министерството за внатрешни работи треба да го финализира регистарот на возилата.

Новите црвени таблички со жолти ознаки ќе важат за сите возила во државна сопственост, а жолтите со црвени ознаки за специјални намени. Иако правилникот не предвидува казни за институциите што ќе доцнат, новите ознаки ќе станат задолжителни при првата регистрација. Според проценките, државата располага со околу 7.500 службени возила, но точната бројка ќе биде позната по изработката на регистарот.

За ЛДП, оваа мерка е јасна порака дека јавните ресурси не се лична привилегија на малкумина. Ова е петти наш предлог прифатен од државните претставници во изминатата година, по иницијативите за референдум за отповикување градоначалници, толкувањето на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето на банкарските провизии и зголемените инвестиции во домашната одбранбена индустрија.

Апелираме институциите навремено да ја завршат постапката и да ги заменат регистарските таблички во законскиот рок. Само така, со транспарентно работење и институционална дисциплина можеме да ги спречиме злоупотребите во иднина и повторно да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите“, се вели во соопштението на ЛДП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy