
Лаутаро: Одбив многу милиони од С. Арабија зашто Милано е мој втор дом
Во последниов период се појавија информации дека саудиски клубови му нудат вкупни 240 милиони евра на Лаутаро за да дојде на арапскиот полуостров и да ги следи дузината ѕвезди кои се решија да дојдат во оваа земја, но Аргентинецот сепак повеќе го интересира европскиот фудбал и животот во „градот на модата“.
„Добив големи побуди од С. Арабија и тоа е точно. Ама, јас сум среќен во Интер и во Милано и немаше шанса за да заминам, ниту пак причина да го сменам клубот. Јас во Интер сум капитен, Милано и Интер се мој втор дом и од првиот ден кога дојдов ја чувствувам сета љубов кон мене од навивачите, така да горд сум што сум дел од Интер и останувам во Интер“, рече Лаутаро.