Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лани дури 12 проценти од вкупниот број туристи биле од соседна Србија
Македонија

Лани дури 12 проценти од вкупниот број туристи биле од соседна Србија

20/04/2023

AA

Минатата година 12 проценти од вкупниот број на туристи во државата биле од Србија, а бројот на ноќевање беше 22 проценти од вкупниот број на ноќевања, а ги имавме скоро три милиони. Ова е знак дека и во оваа година е голема одговорноста кај македонскиот туристички сектор да го продолжи тој раст за 15 до 20 проценти, но и да бидеме доволно конкурентни и уште повеќе видливи на мапата на туристичката светска мапа, изјави денеска претседателот на Туристичка агенција за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски за време на промоцијата на српскиот туризам во Скопје.

Промоцијата на српскиот туризам во Скопје е во организација на Туристичката организација на Србија во сорабока со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија.

Јаневски рече дека околу 140 туристички работници се присутни на средбата денеска во Скопје, со цел овозможување на зголемување на бројот на ноќевање и зголемување на понудата на дестинациите во државата.

-Ова е голема порака за двата туристички сектори, затоа што е најголемиот настан што во последните години се организира на ваков начин во Македонија. Веќе имаме пазар од 12 милиони домашни туристи кои треба се повеќе да бидат доволно конкурентни меѓу себе. Ако ја гледаме целата дестинација во 2022 година, околу 12 проценти од вкупниот број на туристи биле од Србија токму кај нас, додека бројот на ноќевање е 22 проценти од вкупниот број на ноќевање, а ги имавме скоро три милиони, што претставува сигнал дека и во 2023 година е голема одговорноста кај македонскиот туристички сектор да го продолжат истиот тој раст за 15 до 20 проценти. Целта е и да бидеме доволно конкурентни и уште повеќе видливи на туристичката светска мапа кога е во прашање туристичкиот сектор, изјави Јаневски.

Тој е на ставот дека туристичката индустрија треба поразлично да се третира од другите економски гранки. И покрај тоа што во одредени земји економијата е во длабока криза, сепак, како што рече, туристичката индустрија е во пораст.

Преку туристичката индустрија во земјава во 2022 година се обезбедија 480 милиони долари, што е за 21 процент скок во однос на 2019 година.

Јаневски очекува оваа година да се достигне најдобрата бројка во однос на бројот на ноќевањата на домашни и странски туристи кај нас.

Претставникот на хотел „Молика“, Никола Каровски кој работи како хотел менаџер, изјави дека традиционално на почетокот на летната туристичка сезона, огромен број на туристички работници и гости престојуваат во нашата држава, а и наши гости престојуваат во Република Србија.

-Навистина ова е една извонредна можност повторно да се видиме со колегите од Република Србија да ги обновиме сите наши контакти кои ги имавме изминатите години, да ја продолжиме традиционалната соработка и традиционалната гостоприливост меѓу двете држави која што ја негуваме со години. Во нашиот хотел во мај имавме четири групи на гости од Србија кои доаѓаат со резервација од пред Нова година. Така што, обемот е зголемен за некои 25 проценти, за разлика од минатата година, со резервации за оваа година. Среќа е што ги надминавме годините на короната, рече Каровски на денешната средба.

Според Јаким Маленко, ТА од Охрид, овие средби се зближување и запознавање меѓу двете држави, како и откривање на сите потенцијални можности за соработка во полето на туризмот.

-Сето ова што се случува во моментов тука се надеваме дека ќе допринесе оваа година да имаме што повеќе гости од Србија кои доаѓаат во Македонија, а исто така и реципроцитет од Македонија, што ќе може да ги посетат сите места во Србија и да ги доживеат сите оние убавини коишто ги нуди Србија, додаде Маленко.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy