Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лани 142 жртви на патиштата – „Безбеден град“ треба да стави крај на деценискиот црн биланс
Македонија

Лани 142 жртви на патиштата – „Безбеден град“ треба да стави крај на деценискиот црн биланс

08/12/2025

AA

Пребрзото возење останува непријател број еден на македонските патишта и главна причина за сообраќајни несреќи со фатални последици. Статистиката на МВР открива поразителни податоци: само минатата година животот го загубиле 142 лица, а во изминатата деценија и половина не е регистрирана ниту една година со помалку од 100 загинати. Во обид да се стави ред во овој хаос, надежите се вперени кон системот „Безбеден град“, чии првични резултати веќе покажуваат промени во однесувањето на возачите.

Иако брзината е доминантен фактор, полициските билтени бележат дека смртоносните исходи често се резултат и на непочитување на светлосната сигнализација, игнорирање на сообраќајните правила, како и возење под дејство на алкохол и опојни дроги.

Податоците од првите неколку дена од пробниот период на „Безбеден град“ покажуваат значителен пад на бројот на прекршоци, што укажува на тоа дека стравот од камерите веќе делува превентивно.

Сепак, мислењата на граѓаните се поделени. Додека едни ја поздравуваат безбедноста, други реагираат на стресот и инфраструктурните недостатоци:

Од друга страна, постојат и критики и конструктивни предлози:

Статистиката е неумолива – годишно во земјава се случуваат над 4.000 сообраќајни несреќи. Возењето над дозволената брзина и понатаму е клучниот фактор за трагедиите кои завршуваат со смрт, тешки телесни повреди и огромна материјална штета.

Државата веќе ја заостри казнената политика со воведување на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Планот е ефективното казнување преку камерите на „Сејф сити“ да започне во новата година.

Сепак, постои правна неизвесност. Законските измени кои треба да го овозможат ова се веќе во Собрание, но неизвесно е дали ќе бидат изгласани до Нова година. Доколку тоа не се случи, пробниот период на системот ќе мора да продолжи уште некое време пред да започне вистинската наплата на казните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се

01/09/2026
Македонија

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка

01/09/2026
Македонија

1.696 пожари на отворено за три месеци – 69 биле

01/09/2026
Македонија

Сведочеше инвеститор: Мајката на Ристов уплатила околу 400.000 евра за

01/09/2026
Македонија

39-годишен маж пронајден починат во дворот на Клиничката болница во

01/09/2026
Македонија

Тешка сообраќајка кај Кичево: Загина 75-годишен возач, тројца повредени

01/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Првачињата да се борат за знаење, а не само

01/09/2026
Македонија

Јаневска со порака до првачињата: Освен знаење од родителите барајте

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Превозниците протестираа, Брисел одговори: Правилата на Шенген нема да се менуваат

01/09/2026

Професионалните возачи од земјите надвор од Европската унија и натаму ќе мора да се придржуваат до постојните Шенгенски правила, иако

19 пациенти со Западнонилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба

01/09/2026

Состојбата на пациентите со западно-нилска треска кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести внимателно се следи, при што дел

1.696 пожари на отворено за три месеци – 69 биле шумски

01/09/2026

Во периодот од 1 јуни до 31 август годинава, на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy