
Лампард: Од нас зависи дали ќе го поминеме Реал Мадрид
Реал Мадрид со 2-0 го победи Челси во првата четвртфинална пресметка од Лигата на шампионите, па сините ќе имаат тешка задача да се пласираат во полуфиналето.
„Од нас зависи како тим, треба да одиграме со желба да го свртиме натпреварот. Атмосферата ќе биде одлична, но од нас зависи дали ќе ја направиме жешка, публиката може да ни помогне. Ние треба да го одиграме нашиот дел“, вели Лампард.
„Реал Мадрид има одличен тренер кој многу добро го познавам бидејќи работев со него. Тие имаат костур на играчи кои играат на највисоко ниво со години. Зборувам за Модриќ, Крос, Бензема и другите. Тие имаат индивидуален талент и многу добро функционираат заедно“.
