Лајпциг продолжува да меле и да му прави притисок на Баерн Минхен (ВИДЕО)
Унгарецот Доминик Шобошлаи беше јунакот во тимот на „црвените бикови“ со оглед што беше стрелец на двата погодоци, првиот во 25. минута, а вториот по нецели пет минути од второто полувреме. Фухрих во 68. минута од пенал донесе надеж за гостите, кои, сепак, немаа сили да дојдат барем до бод. Головите од оваа средба погледнете ги ТУКА.
Лајпциг со овие три бода дојде до втората позиција на табелата во германската елита со 35 бодови, еден помалку од Баерн Минехн, кој утре допрва треба да го одигра мечот против Ајнтрахт Франфурт на домашен терен.