Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КВАЛИТЕТНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО БУДИМПЕШТА СО БРЗА ПРУГА НА КОРИДОР 10: Николоски разговараше со неговиот колега Јанош од Унгарија, еве што договорија
Економија

КВАЛИТЕТНО ПОВРЗУВАЊЕ НА СКОПЈЕ СО БУДИМПЕШТА СО БРЗА ПРУГА НА КОРИДОР 10: Николоски разговараше со неговиот колега Јанош од Унгарија, еве што договорија

27/09/2024

AA

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар.

Средбата е дел од работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

Во фокусот на средбата беше изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа.

„Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последниот чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски ја потенцира важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговараше и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите. 

Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изрази благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

“Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики” – истакна Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласија на интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
Македонија

ГОТОВИ СЕ НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

16/10/2026
Македонија

СКАНДАЛ ВО УХМР, 488.000 ЕВРА ЗА СОМНИТЕЛНИ НАБАВКИ Кривична за

16/10/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОНЕВЕРА ОД 110.000 ЕВРА Пет години лажел

16/10/2026
Македонија

🎥 ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ЈАВНО КАЖА ДЕКА БУГАРИЈА ИМАЛА ФАШИСТИЧКА

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46206
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ Мисајловски најави повисоки плати за

16/10/2026

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор и решение со кое ќе

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за незаконска легализација на довоградба

16/10/2026

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) поранешна

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од Бит-Пазар завршила на интернет

16/10/2026

Малолетник бил физички нападнат од неколку врсници во двор на основно училиште на Бит-Пазар во Скопје. Насилството не завршило со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy