Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар
Македонија

Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар

29/09/2025

AA

„Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски.

Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула.

„Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само како иднина. Тие се нашата сегашност. Без млади, нема општина, нема иднина, нема ниту развој. Затоа нашата визија е јасна: младите да ја гледаат својата иднина тука, дома, а не во други држави“, порача Кузмановски.

Најави конкретни мерки за младите: изградба на младински центар, поддршка за младинското претприемништво, субвенции за млади бизниси, можности за практиканство и работа.

„Секој запишан ученик во СОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ ќе добива по 3.000 денари месечно, а секој најдобар ученик од основните училишта и средното училиште ќе биде награден. Ќе обезбедиме ослободување од партиципација за градинка за децата кои доаѓаат од семејства од социјален ризик“, истакна Златко Кузмановски, додавајќи дека ќе биде обезбедена поддршка и за жените, кои мора да знаат дека општината е нивен сојузник и поддршка.

Кузмановски порача дека Демир Хисар мора да стане општина по мерка на граѓаните – општина која слуша, која е отворена и транспарентна. „Секој граѓанин ќе знае каде одат јавните пари“, подвлече тој.

Посебен акцент стави и на културата и историјата: ќе биде уреден спомен-паркот на Даме Груев во Смилево, како и сите локални патишта кои водат до него, за да се зачува историската меморија и да се поттикне локалниот туризам.

„Ветувам работа. Ветувам напредок. Ветувам безбедност, стабилност, иднина. Ветувам дека вашиот глас ќе биде дел од секоја моја, наша одлука. Изборите што доаѓаат не се само избор на градоначалник. Тоа е избор каков Демир Хисар сакаме. Ќе избереме дали остануваме заробени во минатото со нула реализација на проекти од страна на актуелниот градоначалник или ќе чекориме заедно кон иднината“, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Демир Хисар, Златко Кузмановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy