Куче скитник пронашло бебе оставено во вреќа за ѓубре и го одвлеклo на безбедно
Куче скитник влечело црна пластична кеса за ѓубре до општинската зграда во либанскиот град Триполи, во која имало напуштено бебе.
Девојчето било пронајдено во средата наутро, кога случаен минувач слушнал плач од чантата, пренесува локалниот медиум Мена.
Тој го однел бебето во Исламската болница, а подоцна таа била префрлена во владината болница во Триполи.
Сликите на социјалните мрежи го покажуваат бебето, кое изгледа дека има околу четири месеци, со модринки на лицето и телото.
Откритието предизвика шок и бес низ целата земја, а понудите за посвојување на бебето се истурија преку социјалните мрежи.
„Некои велат дека кучето е нечисто животно, а тоа секако не е точно. Кучето има многу повеќе човечност, добрина, лукавство и интелигенција од некои сатанистички мутанти во човечки облик“, напиша еден човек на Твитер.
Друг твитна:
„Животните имаат повеќе сочувство од луѓето.
Неколку случаи на злоупотреба на деца излегоа на виделина во Либан во последните недели.
Минатата недела, еден работник во дневен престој беше уапсен, а објектот беше трајно затворен откако се појавија видеа на кои се гледа како вработениот наводно малтретира бебиња.
На почетокот на јули, шестгодишниот Лин Талиб почина во северниот регион Миниех. Медицинските судски извештаи подоцна открија дека таа била малтретирана пред нејзината смрт.
Експертите велат дека е невозможно да се знае дали случаите на злоупотреба на деца се во пораст бидејќи не постои централен систем за следење на статистиката, со оглед на финансиските тешкотии со кои се соочуваат државните институции.
Но, случаите на напуштање и злоупотреба на деца се зголемија бидејќи земјата дополнително се спушта во сиромаштија, пишува Национал.
Триполи, вториот по големина град во Либан, има највисока стапка на сиромаштија во земјата, каде што околу 80 отсто од населението е сиромашно, како резултат на економската криза што започна во 2019 година.