Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Куче искасало до смрт дете во скопската населба Пинтија
Магазин

Куче искасало до смрт дете во скопската населба Пинтија

12/04/2023

AA

 

Малолетник починал синоќа откако бил нападнат од куче што го чувал сосед, во маалото каде детето било на гости, во скопската населба Пинтија.

„Од ГОБ ‘Св.Наум Охридски’ во вторникот,  во 18.25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Неофицијално, се работи за 8-годишно дете, кое  откако се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик, по што било нападнато.

По нападот со тешки телесни повреди веднаш е префрлено во Градската општа болница каде им подлегнало на повредите. Неофицијално, Телма дознава дека детато било од Општина Гази Баба, а во моментот на несреќата бил на гости кај семејство во Пинтија.

Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетото куче, од расата бул мастиф, за кое сопственикот имал соодветна документација.

Какво куче бул мастиф?

Булмастиф е цврст и заштитник на семејството во кое живее. Поради ваквата природа, тој е недоверлив кон странците, но е приврзан кон своите сопственици.

Голем и силен, со импресивен изглед, бул мастифот е најдобриот избор за куче чувар и за имот и за куќи, плевни и луѓе. Ова куче е речиси непремостлива пречка за секој натрапник, но сепак се почесто се чува како домашно милениче, најдобар пријател и сакан миленик.

Исто како кучињата од другите раси, особено големите и силните како самиот бул мастиф, доколку се социјализираат од мали нозе и се навикнат на луѓето, другите животни и звуците во околината, ќе бидат самоуверени и мирни миленичиња, лојални и приврзани. И покрај нивната големина, бул мастифот не е многу енергично куче.

Овие кучиња речиси никогаш не лаат. Тоа не е нивниот начин на комуникација. Најчесто се присебни и смирени, а со својот изглед одбиваат странци. 

Изненадувачки, ова силно куче ги сака децата и ужива во нивното друштво, исто како и тие со нивниот огромен заштитник. Мажјаците од оваа раса често достигнуваат тежина од речиси 60 килограми, а најголемиот дел од нивната маса се состои од мускули. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42430
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ ВО НАСИЛСТВОТО Кршење покуќнина, напади

13/04/2026

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 12.04.2026 во 17:50 часот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy