Крмов: ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе прифати уставни измени како со Преспанскиот договор
„Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе бидат пред или после избори. Затоа што пред избори повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ. Сите партии, освен Левица, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади.“, е ставот на пратеникот Борислав Крмов од Левица.
„Нашите извори велат дека сега нема да има пребегување на осум пратеници, туку ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие.
ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласа после Преспанскиот договор. Ако уште едно предавство како со Преспански се случи, со учество на ДПМНЕ, тие ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно предавство, за измени сега на Уставот, и ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање.
Потоа ќе остане само Левица како политички субјект којашто ќе ги собере сите прогресивни сили и од лево и од десно, кои сакаат да пружат отпор.“, изјави Крмов.