Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот во Штип: Си исплаќале дневници за неодржани седници!
Македонија

Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот во Штип: Си исплаќале дневници за неодржани седници!

19/02/2026

AA

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 година до октомври 2024 година, во својство на претседатели на Здружението на инвалиди на трудот – Штип, дневниците кои четвртопријавената З.С. ги заработувала како секретар на здружението, ги префрлале на трансакциска сметка на нејзината мајка за да не ѝ биде ускратено правото кое го имала на социјален детски и образовен додаток. З.С., со лажно прикажување на факти, го довела во заблуда и новиот претседател на здружението дека има долг кон нејзината мајка и во име на здружението склучила договор за отстапување на побарување со нејзината мајка, а откако починала мајка ѝ, и со нејзината ќерка склучила ист договор.

Исто така, првопријавениот и второпријавената вршеле плаќања за себе и други лица за седници кои не биле одржувани, а исплаќале и еднократна финансиска помош на лица на кои не им следувала таква помош.

Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор во периодот додека траел огласот за изнајмување на станбен простор, односно без да бидат разгледани сите поднесени барања. Тој во неколку наврати од службената сметка на својата трансакциска сметка си исплаќал парични средства, а извршил и незаконска исплата на парични средства на правно лице за наводно извршена угостителска дејност.

Со овие дела, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението во вкупен избнос од 297.730 денари, а на четвртопријавената ѝ овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 88.234 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера

19/02/2026
Македонија

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна

19/02/2026
Македонија

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под

19/02/2026
Македонија

Циклон носи дожд и снег: На планините се очекуваат нови

19/02/2026
Македонија

Кривични за 4 екс претседатели и вработени во Здружението на

19/02/2026
Македонија

Казнети четири градилишта во Центар, еве зошто!

19/02/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 60% ОД НОВИТЕ АМБАСАДОРИ СЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДИПЛОМАТИ Се

19/02/2026
Македонија

Аларм во Вевчани: Жителите загрижени од непознато лице кое демне

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41653
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера

19/02/2026

Триесет и петгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во гостиварското

Нацрт-извештај на Вајц: ЕУ-патот бара опипливи резултати дома и активна поддршка од Брисел

19/02/2026

Македонија се наоѓа во критична фаза од своите евроинтеграции, каде што домашните реформи и геополитичката реалност наметнуваат нова итност. Ова

ПАРИ ОДЕЛЕ НА ТУЃИ СМЕТКИ Поранешни претседатели на здружение под истрага за злоупотреби

19/02/2026

Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица од Штип, меѓу кои и поранешни претседатели на Здружението на инвалиди на трудот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy