Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична за правно лице од Стар Дојран – приредувале игри на среќа без дозвола
Магазин

Кривична за правно лице од Стар Дојран – приредувале игри на среќа без дозвола

25/09/2024

AA

МВР информира дека Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри.

Кривична пријава е поднесена и против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик.

Според МВР, од 01.01.2017 до 17.04.2019, сопственикот К.К. во просториите на друштвото организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка. На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 102.810.613 денари или 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Имено, паричните средства кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на пријавениот К.К., кој понатаму ги трансферирал како позајмици кон пријавеното правно лице, кое во најголем дел ги користело за враќање на хипотекарен кредит кон една банка, како и за тековно работење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да

28/07/2026
Македонија

Туризмот бележи раст од 40 отсто – Мицкоски ги посочи

28/07/2026
Македонија

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши

28/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се смирува, но останува засилен здравствен надзор

28/07/2026
Македонија

Стабилно, сончево и многу топло време – до 40 степени

28/07/2026
Македонија

Бесплатни униформи за сите првачиња во средните училишта во Скопје

28/07/2026
Македонија

Денеска ќе биде погребан актерот Гоце Тодоровски

28/07/2026
Македонија

Град Скопје најави нова авионска дезинсекција – еве кога ќе

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да изнајмат автомобили

28/07/2026

Македонските граѓани кои патуваат или живеат во Италија се соочуваат со проблеми поради непризнавање на македонските возачки дозволи. Туристи веќе

Туризмот бележи раст од 40 отсто – Мицкоски ги посочи владините мерки како причина

28/07/2026

Македонија бележи значителен раст во туристичкиот сектор, а владините мерки за привлекување гости почнуваат да даваат резултати, оцени премиерот Христијан

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши обдукција

28/07/2026

69-годишен маж починал во Клиничката болница во Штип, откако бил донесен со влошена здравствена состојба. Од СВР Штип информираат дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy