Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за злоупотреба на положба и овластување против 6 инспектори од ДПИ
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на положба и овластување против 6 инспектори од ДПИ

29/03/2024

AA

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ. Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45193
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема изгорени куќи, состојбата е алармантна,

23/08/2026

Вкупно 31 пожар на отворен простор бил регистриран низ Македонија во изминатото деноноќие, заклучно со 7:30 часот утрово. Според Центарот

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

22/08/2026

Охрид повторно беше домаќин на една од најзначајните пливачки манифестации во регионот – 39. Охридски пливачки маратон, на кој годинава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy