Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за Љубомир Фрчковски – осомничен за злоупотреба на буџетски средства
Македонија

Кривична пријава за Љубомир Фрчковски – осомничен за злоупотреба на буџетски средства

13/05/2025

AA

Љубомир Фрчковски, поранешен шеф на Постојаната мисија на Македонија при ОН во Њујорк, е еден од четворицата осомничени за злоупотреба на службена должност, за што вчера беше поднесена кривична пријава. Според пријавата, тие се сомничат дека го сториле кривичното дело предвидено во член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 20 април 2022 до 6 октомври 2024 година, Фрчковски, како службено лице, постапувал спротивно на инструкција од Министерството за надворешни работи од 25 април 2023 година и на мислење од Министерството за финансии од 23 јули истата година.

На сметката на Постојаната мисија на Македонија при ООН биле префрлени 3.998.721,72 американски долари – средства од заедничка продажба на објект во сопственост на поранешна СФРЈ во Њујорк. Од нив, на буџетот на државата биле префрлени 3,94 милиони долари, додека остатокот од 58.721,72 долари останал на сметката на Мисијата.

„Истиот иако бил должен, паричните средства не ги уплатил на сметка на Буџетот на РМ и истите незаконски и ненаменски ги потрошил и на начин што постапил спротивно на: Правилникот за финансиско и материјално работење на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Упатството за водење на финансиското и материјалното работење на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Правилникот за плата, додатоци на плата и надоместоци на определени трошоци на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и Интерната процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки до ДКП-та на Република Македонија во странство“, се вели во кривичната пријава.

Понатака се вели дека „на овој начин Љубомир Данаилов-Фрчкоски остварил незаконско и ненаменско користење на буџетските средства по основ на земени аванси за службен пат, по основ на помалку вратен депозит за резиденцијата на амбасадорот, по основ на пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон како и неоправдани и дупли плаќања на одредени сметки за телефон, по основ на нерасчистено салдо во касата на Постојаната Мисија на РМ при ООН во Њујорк, по основ на направени издатоци за репрезентација повеќе од дозначените средства од страна на МНР на сметката на Постојаната мисија во Њујорк, по основ на подигнати парични средства од касата на Постојаната Мисија за поправка на службено возило без претходна согласност од МНР, со што причинил материјална штета во износ од 57.855,18 американски долари“.

Со горенаведените противзаконски дејанија првопријавениот Љубомир Данаилов-Фрчкоски, второпријавената Катина Георгиева, третопријавениот Јон Ивановски и четвртопријавената Ивана Спиковска, вкупно причиниле штета на државниот буџет во вкупен износ од 116.576,9 американски долари, стои во кривичната пријава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy