Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за полицајка од ПС Карпош – од магацинот за кој била задолжена, снемало автоматска пушка!
Македонија

Кривична пријава за полицајка од ПС Карпош – од магацинот за кој била задолжена, снемало автоматска пушка!

23/01/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.

На 31.12.2024, комисија формирана за вршење годишен попис во ЕВР Карпош извршила попис и броење на оружјето во магацините за оружје, за кои била задолжена полициската службеничка А.Д.. По извршениот попис, било констатирано дека недостасува една автоматска пушка од главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Исто така, на 11.01.2025 повторно била извршена контрола во магацинските простории во Полициската станица Карпош во присуство на раководните полициски службеници во станицата и од Одделот за внатрешна контрола, при што повторно било констатирано дека недостасувала една автоматска пушка и дека пристап до клучот за магацинот имала само ракувачот со материјално -технички средства на Полициската станица Карпош, пријавената А.Д.. Со овие дејствија пријавената го сторила делото за кое е поднесена пријавата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полициската службеничка ќе биде суспендирана од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy