
Кривична пријава за охриѓанец: Лажно се претставувал како адвокат и застапувал странки пред надлежниот суд
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. […]

