Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава против три лица од радовишко за повеќе кривични дела во врска со бесправна сеча на дрва
Македонија

Кривична пријава против три лица од радовишко за повеќе кривични дела во врска со бесправна сеча на дрва

15/11/2023

AA

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Е.Г.(35) и С.И.(41), двајцата од село Бучим, радовишко и Ј.В.(62) од село Лубница, општина Конче, поради основано сомнение дека Е.Г. сторил кривични дела „пустошење на шума“, „фалсификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, дека С.И. сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „пустошење на шума“, а Ј.В. сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Е.Г. и С.И., со цел да прикријат пустошење на шума на државни парцели, се договориле С.И. да склучи договор со Н.Д. од Радовиш, сопственик на приватни шуми на место викано „Горна Враштица“, атар на село Дамјан, радовишко, за сеча и продажба на огревни стебла од парцели на Н.Д., кои граничат со државните парцели. Откако го склучиле договорот, Е.Г. во име на Н.Д. поднел барање за одобрение за сеча, при што од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ Радовиш му се издадени одобренија за сеча во катастарските парцели на Н.Д..

Потоа, во периодот од јули до септември 2023 година, Е.Г. во 10 катастарски парцели, сопственост на Република Северна Македонија, извршил бесправна сеча на 78,07 кубни метри дабово огревно дрво, со што нанел штета од 642.859 денари на Република Северна Македонија. Дел од бесправно исечените дрва ги обележал со жиг, кој по карактеристиките не одговара на формата и назнаките на оригиналниот жиг. При транспортот на дрвата, полициски службеници од ОВР Радовиш го запреле товарното возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Е.Г., при што било констатирано дека врши превоз без да поседува лиценца.

Третопријавениот Ј.В., при вршењето на неговите овластувања на работното место референт за сеча, дотур и превоз за приватни шуми, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и изготвувал испратници за превоз на огревно дрво на име на првопријавениот Е.Г. и покрај тоа што одобренијата за сеча биле издадени на име на Н.Д. На овој начин му овозможил на Е.Г. да изврши сеча на вкупно 155,15 кубни метри дабово огревно дрво, со што се стекнал со противправна имотна корист од 652.405 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy