
КРАЈ НА ЕВТИНИОТ УВОЗ НА ПРОИЗВОДИ ОД ТЕМУ? Засилени контроли на стоки од странски онлајн платформи – еве каква ќе биде состојбата
Европската унија ќе ги зголеми царинските контроли на стоките што се доставуваат директно до потрошувачите во ЕУ преку платформите за е-трговија како што се Тему и Шеин, бидејќи се обидува да обезбеди фер конкуренција и безбедност на производите, се вели во нацрт на официјалната изјава што ја виде денеска Ројтерс.
Директивата на Европската комисија, која се очекува да биде објавена во среда, ќе влијае на сите продавачи на е-трговија надвор од ЕУ.
Агенцијата посочува дека оваа одредба е особено релевантна за брзиот раст на онлајн трговијата на Тему, кој е во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија PDD Holdings.
Истото важи и за ултра-брзата модна компанија Шејн, која е основана во Кина, но сега е со седиште во Сингапур.
Овие трговци ги наддаваат локалните конкуренти нудејќи екстремно ниски цени за производите произведени во Кина, додава Ројтерс.
Тие, исто така, имаат корист од законот на Европската унија кој им дава на пакетите во вредност од помалку од 150 евра бесцарински статус, што критичарите велат дека им дава неправедна предност.
Облеката, на пример, обично подлежи на увозна давачка од 12 отсто за влез во ЕУ.
Европската комисија (ЕК) објави дека за време на царинското работење ширум Европската унија, приоритет ќе има проверка на производите купени преку интернет кои претставуваат „сериозни безбедносни ризици и носат ризик од непочитување на законот“.
Прецизната листа на производи ќе биде одредена во договор со земјите-членки.
Според податоците на ЕК, минатата година 91 отсто од сите трговски пратки вредни под 150 евра биле од Кина.
Во ЕУ минатата година имало вкупно 4,6 милијарди вакви пратки, што е двојно повеќе од бројот во 2023 година.