Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крај на ерата „ако не сакаш ти, има друг“ – Зошто македонските градежници сега ја имаат моќта во свои раце?
Македонија

Крај на ерата „ако не сакаш ти, има друг“ – Зошто македонските градежници сега ја имаат моќта во свои раце?

02/05/2026

AA

Драстичниот дефицит на квалификувана работна сила во Македонија донесе неочекуван пресврт: работниците веќе не се лесно заменлива категорија, туку клучен фактор кој може и мора да диктира безбедни услови за работа. Борче Стојчевски од здружението „Тутела“ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ги разобличи парадоксите на македонските градилишта.

Поранешната закана на работодавачите дека „зад портата чекаат десет други за твојата работа“ веќе не постои. Денес, квалификуваниот кадар е толку редок, што работниците ја имаат историската шанса да го искористат своето законско право.

„Секој вработен на кој му се заканува непосредна опасност по животот и здравјето има законско право да одбие работа. Пораката е едноставна: ‘Ало, ова не е безбедно, нема да работам додека не го обезбедите’. Работодавачот тешко ќе најде замена, бидејќи веќе нема кој да дојде на тоа место“, дециден е Стојчевски во изјава за 4news.mk.

На терен се случува нов феномен – работодавачите стануваат премногу попустливи заради страв од губење на персоналот. Оваа „мека“ дисциплина директно ја загрозува безбедноста.

Еден од најголемите проблеми е ниската прекршочна политика која на големите фирми им овозможува да ги калкулираат казните како редовен трошок во бизнисот.

Стојчевски алармира за опасниот договор меѓу работниците и газдите – работа без пријава за поголема дневница.

„Самиот вработен често бара да не биде пријавен за да земе повеќе пари во кеш. Но, тоа е најголемиот ризик на градилиштето. Непријавениот работник е правен и безбедносен пекол во случај на несреќа“, објавува 4news.mk.

Иако притисокот за завршување на објектите е огромен, Стојчевски порачува дека ниеден рок не е поважен од човечкиот живот. Целта на реформите не треба да биде кривично гонење по трагедијата, туку создавање систем во кој превенцијата ќе биде поевтина од небрежноста. Работниците мора да ја сфатат својата вредност – тие се тие што го градат профитот, но тие се и тие што го ризикуваат најмилото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy