
Крај на една ера: Ван Дајк пред заминување од Ливерпул
Британските медиуми тврдат дека негов нов клуб ќе биде Ал Наср каде ќе игра заедно со Кристијано Роналдо. Ливерпул веќе дал согласност за трансферот, а се чека само дозвола од Комитетот за доведување играчи во Саудиска Арабија од каде се уште нема подготвеност за издвојување финансиски средства.
Ван Дајк дојде во Ливерпул во 2018 година и учествуваше во сите поголеми успеси во поновата историја на клубот. Освои титула во Лигата на шампионите и потоа во првиот трофеј во Премиер лигата по пауза од 30 години. За „црвените“ одигра 270 натпревари со ефект од 23 поени и 12 асистенции.