Ковачки до Османи и Спасовски: Без преземање на навремени мерки, ќе ескалираат состојбите
Скандалозните изјави на Спасовски и Османи се доказ дека владата флертува со тие кои шират омраза и негаторски ставови кон Македонија, изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја одлуката да нема уште сега забрана за влез на Џамбаски во нашата држава.
„Спасовски и Османи треба да се свесни дека со вакви изјави и со непреземање на навремени мерки само овозможуваат ескалирање на состојбите и ризикуваат вжештување на односите помеѓу двете држави. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело кон сопствениот народ е најголемиот пораз кои може да и се случи на Македонија“, вели Ковачки.