Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски за Законот за амнестија: Секој закон во Собранието може да претрпи модификации, никој нема корист од блокирање
Македонија

Ковачевски за Законот за амнестија: Секој закон во Собранието може да претрпи модификации, никој нема корист од блокирање

14/09/2023

AA

Секој закон во Собранието може да претрпи модификации, да се отвори дебата итн. Јас сметам дека тоа треба да се направи, бидејќи се работи за Закон којшто ги подобрува процедурите, ги забрзува процедурите. Не дава никаква амнестија на некој којшто направил тешко дело, точно наведени во самиот Закон. Затоа мислам дека не треба на блок да се отфрла, туку треба да се отвори парламентарна дебата, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите при посетата на градежните активности на изградба на автопатот на Коридор 10-д, делницата Прилеп-Битола.

Тој во одговор на новинарско прашање рече дека Владата ќе го разгледа законот на една од наредните седници и потоа низ процедура ќе биде пратен до пратениците каде што сите пратенички групи ќе можат да го кажат своето мислење, но нагласи дека никој нема корист од блокирање.

-На граѓаните доста им е од кавга, доста им е од препукувања и бесконечни прес-конференции на коишто секој секого обвинува за нешто. На граѓаните им требаат проекти, работа инфраструктурни проекти, им требаат подобри услови за живеење. Мојот пристап е дијалог, разговор заснован врз основа на факти и работа со цел да се оствари интересот на граѓаните. Затоа сметам дека тој пристап треба да го има опозицијата затоа што на тој начин ќе се унапредат процесите коишто ги имаме во државата, посочи премиерот Ковачевски.

На прашањето кој е „Дарт Вејдер“ на македонското правосудство, премиерот одговори дека тоа ќе го остави на имагинацијата и на истражувачкиот потенцијал на новинарите, да се навратат 15 години во правосудниот систем и да видат како се менувани одредени закони и како се монтирани одредени процеси, со тоа што многу лесно ќе може да се идентификува тоа лице кој, како што рече, потекнува од комунистичко време.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера одговарајќи на новинарски прашања дали имаат комуникација со власта за новиот закон за амнестија, повтори дека уште пред неколку месеци прекинале било каква официјална или неофицијална комуникација со Владата и оти партијата преку демократски алатки ќе го блокира новиот Законот за амнестија што го подготви власта.

-Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие политички партии денеска се од Владата и можете да видите дека таквиот закон не одговора, ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација

18/02/2026
Македонија

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026
Македонија

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање

18/02/2026
Македонија

Вчера уапсени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со

18/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ Терапија

18/02/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар избувна попладнево кај Усје

18/02/2026
Македонија

Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени

18/02/2026
Македонија

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41622
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација од милион евра за македонската

18/02/2026

Министерството за внатрешни работи доби донација од околу еден милион евра од Амбасадата на САД, наменета за Единицата за откривање

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026

Собранието денеска избра нов судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, откако со 63 гласа „за“, седум „против“ и без

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња

18/02/2026

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот проблем со исфрлање кучиња од други градови во Скопје, кој, според нив, создава

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy