Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски за анестезиологот од Тетово: Непрофесионално однесување, ја поддржувам одлуката за санкционирање!
Македонија

Ковачевски за анестезиологот од Тетово: Непрофесионално однесување, ја поддржувам одлуката за санкционирање!

18/04/2023

AA

Станува збор за неетичко и непрофесионално однесување на лекар и ја поддржувам одлуката на министерот за здравство за санкционирање на овој вработен. Вакво нешто не треба да се случува во која било област, а особено не во здравството, посочи денеска на прес-конференцијата премиерот Димитар Ковачевски, прашан за анестезиологот кој на социјалната мрежа „Тик ток“ снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.

Во однос на тоа дали ќе се воведе мерка за забрана за користење на оваа социјална мрежа, Ковачевски рече дека доколку претседател на Влада воведе забрана за користење на одредена социјална мрежа која се користи како медиум, тоа може да биде протолкувано на многу различни начини.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Сепак, посочи, овде станува збор за комплетно неетичко и непрофесионално однесување на лекар.

-Овде станува збор за неетичко и непрофесионално однесување и апсолутно ја поздравувам и поддржувам одлуката на министерот за здравство за санкционирање на овој вработен, но и на МВР и Обвинителството, со оглед на тоа дека вакво нешто не треба да се случува во која било област, а особено не во здравството, рече Ковачевски.


Инаку, на анестезиолог од тетовско Одри, кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал, му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА НЕЛЕГАЛНО ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈА Тошкоски очекува Бугарија да

13/10/2026
Македонија

ДАЛИ ЗАД ИВА МИХАИЛОВА СТОЈАТ ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ, УЦЕНЕТИ ОД

13/10/2026
Македонија

ОБВИНЕТИОТ ГРУБИ Е НА СЛОБОДА, НЕ СМЕЕ ДА ГО НАПУШТИ

13/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ИЗБЕРЕ ДАТА ЦЕНТРИ, А НЕ ПРОТЕСТИ И

13/10/2026
Македонија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ПОЧНУВА ОД 16 ДО 25 ОКТОМВРИ Пријавувањето

13/10/2026
Македонија

ЈА ОТКРИЛЕ ДЕКА ЛАЖЕ ОТКАКО ПРИЈАВИЛА КРАЖБА НА НАКИТ ОД

13/10/2026
Македонија

ПРИОРИТЕТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ БИЛ ДА СПАСУВААТ ЛУЃЕ, НЕ ДА ГАСНАТ

13/10/2026
Македонија

НЕЧОВЕЧКИТЕ УСЛОВИ ВО ПСИХИЈАТРИСКИТЕ УСТАНОВИ МОРА ДА СТАНАТ МИНАТО Реконструирано

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46141
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИВА МИХАИЛОВА НЕЛЕГАЛНО ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈА Тошкоски очекува Бугарија да ја почитува меѓународната потерница

13/10/2026

Обвинетата Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата, а по неа ќе биде распишана меѓународна потерница, рече денеска министерот за внатрешни

ДАЛИ ЗАД ИВА МИХАИЛОВА СТОЈАТ ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ, УЦЕНЕТИ ОД РАДЕВ? Препораката за лекување во

13/10/2026

СДСМ повторно одигра за Бугарија преку Венко Филипче и Зоран Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија, рече денеска на

ОБВИНЕТИОТ ГРУБИ Е НА СЛОБОДА, НЕ СМЕЕ ДА ГО НАПУШТИ СКОПЈЕ Судот не му го

13/10/2026

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на поранешниот прв вицепремиер  Артан Груби,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy