Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
Македонија

Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

29/12/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и присуствуваше на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски- Питу“, во Скопје.

Договорот го потпиша Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и економскиот оператор кој ќе ги изведува градежните активности. Реконструкцијата е рамки на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија кој се реализира со средства од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Премиерот Ковачевски истакна дека проектот предвидува целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

„Со овие капитални инвестиции, на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања, затоа што имаме соработници и поддршка од држави во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите. Оваа Влада континуирано работи на подигнување на студентскиот стандард, затоа што знаеме дека студентите се иднината и движечката сила на нашата држава. Стипендиите за студентите од 2021 година, се изедначени на ниво од 6.050 денари месечно, што значи пораст во однос на тоа што претходно се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари. Вкупниот годишен буџет за оваа намена – доделување на студентски стипендии се зголеми за 65%. Ако претходно на годишно ниво се исплаќаа 117 милиони денари, во 2021 се исплатија 179 милиони денари и овој тренд продолжи и во 2022 и 2023 година. Воведовме нови категории на студентски стипендии во 2022 година и истата изнесува и до 18.000 денари месечно, за оние кои се запишани на додипломски студии од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните науки на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјата.

За првпат воведовме субвенциониран оброк за студентите. Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк доделуваме финансиски средства на сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на нашата земја, тоа се 30.000 студенти кои добиваат вкупен месечен износ од околу 3.000 денари”, истакна Ковачевски во своето обраќање.

Министерот за образование и наука Шакири, истакна дека сите досегашни процедури за реализација на Проектот ги водевме согласно правилата на Германската развојна банка.

„Согласно утврдената динамика, реконструкцијата на студентските домови ќе се одвива во три фази. Во првата фаза, почнуваме со студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, а нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економски оператор кој достави најповолна понуда.

При тоа, предвидена е промена на водоводната инсталација во домовите и отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија. Она што посебно сакам да го нагласам, е опремувањето на соби за студенти со посебни потреби. Би сакал да изразам искрена благодарност до сите кои придонесоа овој значаен проект да дојде до фаза на реализација“, рече Шаќири.

Заменик амбасадорот на Германија Ото Граф, истакна дека Германија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за декарбонизација.

„Енергетската ефикасност е клучен елемент на климатската агенда. Затоа KfW и WBIF обезбедуваат средства за рехабилитација на студентските домови во државна сопственост. Овој процес на рехабилитација, исто така, ќе обезбеди вредни увиди како да се направат постојните јавни згради енергетски поефикасни“, рече Граф.

Вршителот на работи амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин истакна дека следејќи ја Зелената агенда и Економскиот план за инвестиции, Комисијата ги претвора климатските промени и предизвиците поврзани со животната средина во можности за сите области на политиките и ја прави транзицијата правична и инклузивна за сите.

„ЕУ продолжува со својата посветеност да го поддржува македонскиот енергетски сектор, фокусирајќи се притоа на енергетската ефикасност како инструмент со кој ќе се забрза декарбонизацијата. Со средства обезбедени од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, германската влада и KfW, како Тим Европа, ние работиме на тоа да им обезбедиме на студентите подобри услови за живот и да го подобриме нивниот квалитет на живот”, изјави Худолин.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy