Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност во балканскиот регион
Македонија

Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност во балканскиот регион

19/02/2023

AA

Впечаток од овогодишната Минхенска безбедносна конференција е дека регионот се перцепира како стабилен и дека Северна Македонија во моментов е фактор на стабилност во Балканот, како членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ и која претседава со ОБСЕ, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА дадено на маргините на Минхенската бебзедносна конференција.

– Ние сме земја членка на НАТО, земја која ги отпочна преговорите со ЕУ и земја која претседава со ОБСЕ, меѓутоа и држава која што после она што го помина во почетокот, во касните деведесетти и во 2001 година, сме земја што е учесничка во Берлинскиот процес, земја од Отворен Балкан. Тоа се практично организации и процеси кои ја јакнат и ја унапредуваат регионалната соработка, односно слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги и уште еден многу важен фактор, а тоа е дека Северна Мкедонија е депонент на договорите кои што се потпишаа во Берлинскиот процес, нагласува Ковачевски.

Тој потенцира дека на дискусиите што се водеа во Минхен, земјава беше посочена како пример кој што низ добрососедски односи, низ дипломатски напори успеа да ги реши големите проблеми кои ги имаше и сега да напредува во европските интеграции, откако. претходно стане и земја членка на НАТО.

Ковачевски нагласува дека Конференцијата покажала дека западните земји и членките на НАТО и ЕУ се пообединети од било кога и искажаа недвосмислена поддршка на Украина.

– Таму не се работи само за напад на една држава врз друга држава, туку се работи за напад на посилна врз послаба држава и доколку тоа не се спречи и не и се помогне на Украина може да поттикне други држави, тоа да го направат во светот. Секако дека тоа ќе влијае врз безбедноста на целокупниот демократски свет во кој ние денес живееме, додава Ковачевски.

Во интервјуто дадено на специјалниот известувач на МИА од Минхен, премиерот Ковачевски говори и за кибер војната и хакерските напади во глобални рамки, но и во земјава, за односите Скопје-Софија, уставните измени, непходните реформи на патот кон ЕУ, поддршката на евроинтегративниоит процес, стабилноста на владиното мнозинство….

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45057
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026

Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy