Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски се согласува со Османи: Не постои можност некој однадвор да биде вклучен во процесот, тоа е внатрешно прашање на Македонија
Македонија

Ковачевски се согласува со Османи: Не постои можност некој однадвор да биде вклучен во процесот, тоа е внатрешно прашање на Македонија

06/04/2023

AA

Процесот на уставни измени е внатрешно прашања на Република Северна Македонија, што е и обврска поврзана со пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата посветена на годишниот извештај на работата на АД ЕСМ.

-За барањето на Бугарија во однос на нивното учество веќе се произнесе министерот за надворешни работи и јас целосно се согласувам со неговата изјава. Тоа е дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, што е обврска поврзана и со пристапните преговори со ЕУ, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека станува збор на одлука, која е исклучиво во надлежност на Министерството за правда, на политичките партии и на Собранието.

-Не постои ниту можност, ниту политичка волја, ниту начин кој било друг однадвор да биде вклучен во овој процес, истакна Ковачевски.

Во однос на изјавата на бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков за вклучување на Бугарија во процесот, Ковачевски рече дека можеби таа изјава не е дадена во вистински контекст.

-Меѓутоа сите заинтересирани страни ќе можат да го следат тој процес преку медиумите, бидејќи и медиумите ќе бидат вклучени во самиот процес, кој како што кажав ќе започне во стручната комисија во Министерството за правда, во која што ќе бидат повикани експерти, додаде Ковачевски.

Премиерот потсети дека веќе и политичките партии се повикани да делегираат свои претставници и потоа ќе се оди на расправа пред нивните организации, бизнис заедницата, медиумите и преку вас ќе може сите да се информираат. Уште еднаш потенцира дека одлучувањето е исклучиво во надлежност на институции на Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy