Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
Македонија

Ковачевски: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата

18/04/2024

AA

СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата, наспроти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту волја да го направат тоа, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Демир Капија.

– Нашите идеи се прогресивни, со јасна визија за европска иднина на државата за што имаме голема поддршка од нашите пријатели од ЕУ. Гарантираме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека минималната плата е зголемена за три пати во однос на 2016 година, просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016 година, но сега, додаде, доаѓаат подобри времиња.

– Гарантирана плата за младите и грантови за отпочнување нов бизнис, затоа што сакаме младите да си ја градат својата иднина дома. Гарантираме подобри услови и плати за здравствените работници и целосно бесплатно јавно здравство. Ветуваме подобар и поправеден систем за сите, бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и конечно со спроведување на процесот на ветинг на судиите и јавните обвинители. Ова е нашата визија и нашата програма за граѓаните и државата, рече Ковачевски.

За  пензионерите, порача дека обезбедуваат просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари. Тој  нагласи дека пензиите денеска, во однос на 2016 година, се зголемени за 55 отсто и ќе продолжат да растат.

– Јас ветувам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината, порача Ковачевски.

Носителот на листата за пратеници во четвртата изборна единица, доктор Венко Филипче рече дека нивната понуда е јасна и искрена, додека, како што нагласи, понудата на ВМРО – ДПМНЕ е дестабилизација и застој.

– Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Наспроти државничката улога на СДСМ, стои ВМРО-ДПМНЕ, чија улога е да го блокира општеството и државата, подвлече Филипче.

Тој рече дека пред нас се избори на кои граѓаните бираат помеѓу два многу различни концепти.

– Едниот е нашиот, кој гарантира зачувување на мирот, стабилноста и интегрирање во Европа. Нашата порака е јасна и искрена. СДСМ го нуди патот на развојот и сигурноста. Од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ, што се заснова на дестабилизација, застој, блокади и доведување во прашање на она што е постигнато. Нивната понуда е неискрена, нејасна и опасна за иднината на земјата, порача  Филипче.

Тој истакна дека ваквата политика на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на нивната стратегија, чија цел, како што додаде,  не е напредокот, туку назадувањето, не е мирот, туку конфликтот.

– Не е градењето пријателства, туку создавање внатрешни и надворешни непријатели, амбиент кој го создава ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е амбиентот кој ќе биде секојдневие ако победат на изборите. Знаат да пливаат во политиката само ако разговараме за поделби, за етнички конфликти, за лажен патриотизам, истакна Филипче.

Тој повика на масовно обединување кое, како што рече,  значи само подобра иднина и сигурен пат напред.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
Македонија

УКИМ НЕМА ДА ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА, МОН ЌЕ ГО ПЛАТИ

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ 438.042 ОВЦИ И КОЗИ ПРОТИВ СИПАНИЦА Имунизацијата

19/11/2026
Македонија

СТРУЖАНИ, ПЛАТЕТЕ КОМУНАЛНА ТАКСА! Следната недела Општината почнува со присилна

19/11/2026
Македонија

ПО ТРИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА, ДОЈАВА ЗА БОМБА И ВО СРЕДНОТО

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46849
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот на патријархот Кирил

19/11/2026

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 19 ноември 2026 година пристигна во Москва, за да учествува во

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни врнежи и ветар до 80

19/11/2026

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќта

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На Стојан Чифлигароски затворскиот притвор му

19/11/2026

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го заменил затворскиот притвор со куќен притвор за битолскиот бизнисмен Стојан Чифлигароски, осомничен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy