Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски прошета низ Дојран и се пофали: Нашата грижа за Дојранското езеро ја покажуваме и на дело
Македонија

Ковачевски прошета низ Дојран и се пофали: Нашата грижа за Дојранското езеро ја покажуваме и на дело

30/09/2023

AA

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска беше помеѓу граѓаните на Дојран. Во разговорите со нив тој рече дека Владата, заедно со локалната самоуправа предводена од СДСМ го решаваат деценискиот проблем за санација на колекторскиот систем со што директно покажаа одговорност и грижа за Дојранското езеро.

-Нашата грижа за Дојранското езеро ја покажуваме и на дело. Го решаваме деценискиот проблем, обезбедени се средства, меѓу кои и 135 милиони денари од Владата, потребни за санација на колекторскиот систем и нова пречистителна станица. Хидро-системот наскоро ќе биде во функција и ќе биде пуштен во употреба. Заштитата на Дојранското езеро како споменик на природата е исклучително важно за граѓаните на Дојран, но и за сите нас. Дојран постојано се развива, а се зголемува и бројот на туристи. Заедно со градоначалникот Ангов и понатаму ќе работиме за понатамошен развој на општина Дојран на секое поле, рече претседателот Ковачевски.

Од СДСМ посочуваат дека градоначалникот на Дојран Анго Ангов е пример за одговорност и успешна работа, кој е посветен на реализација на многу проекти во интерес на граѓаните на Дојран.

На иницијатива на градоначалникот Ангов се решава и уште еден долгогодишен проблем со кој се среќава Дојран. Од оваа година на општината ѝ се ставени на располагање зголемен број на амбулантни возила, што ќе е од исклучителна помош во месеците кога Дојран има зголемен број на туристи и посетители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy