Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: По успешниот скрининг, процесот ќе продолжи и ќе резултира со членство на Македонија во ЕУ
Македонија

Ковачевски: По успешниот скрининг, процесот ќе продолжи и ќе резултира со членство на Македонија во ЕУ

13/12/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел учествува на Самитот на Европска Унија-Западен Балкан. Пред почетокот на работните сесии од Самитот, во изјава за медиумите, премиерот Ковачевски посочи дека овој Самит е исклучително значаен бидејќи на едно место ќе бидат Европскиот Совет и земјите од Западен Балкан, а на кој ќе се разговара за соработката со ЕУ, за заедничката надворешна политика, како и за проширувањето на ЕУ.

„Ние сме земја која е со комплетно усогласена надворешна политика. Секако една од темите ќе биде новиот план за забрзан раст за Западен Балкан, на кој во детали ќе разговараме за подготовките кои се направени. Северна Македонија заврши успешен скрининг процес кој е признаен од ЕУ, но и сите знаете дека има уште една обврска која треба да ја завршиме и таа сега зависи од нас. Да имаа придонес сите политички актери во нашата држава позиција како што има владејачката коалиција, денес ќе беше и подруга ситуација. Ние ќе зборувавме за отворање на поглавјата и кластерите меѓутоа секако дека таа дискусија ќе продолжи.
Процесот ќе продолжи и неминовно ќе заврши со влез на Северна Македонија во Европската Унија“, изјави премиерот Ковачевски.

Во однос на прашањето од медиумите дали Северна Македонија и Албанија може да бидат одвоени во оваа фаза на евроинтегративниот процес, премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија и Албанија заедно го започнаа скрининг процесот пред година и пол и дека секоја земја согласно своите перформанси, согласно усогласеноста со ЕУ напредува во процесот на европската интеграција.

На новинарско прашање дали постои оптимизам дека уставните измени ќе се случат до крајот на мандатот на Владата, премиерот Ковачевски потенцираше дека тоа е обврскa која е јасно нотирана во извештајот на Европската Комисија.

„Гледате дека и во самите предлог заклучоци стои, дека штом Северна Македонија ги донесе тие амандмани во Собранието, веднаш ќе биде одржана втората меѓу владина конференција. Се она што јас го зборував во текот на изминатите годiна и пол, се потврди како точно. И се потврди уште нешто како точно, дека во нашата држава имаме два блока, еден европски блок кој што се залага за интеграција на државата во ЕУ. И имаме втор блок, кој токму денес се гледа дека работи против интеграцијата на земјата во ЕУ, а претходно работеше против интеграцијата на земјата во НАТО. Ние секако дека ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставни измени е процес кој ќе продолжи, кој е неминовен и кој на крај ќе резултира со успех, успешно завршување на преговорите и да станеме членка на Европската Унија“, порача премиерот Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42413
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy