Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Како што гледам пораката на Ахмети е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ
Македонија

Ковачевски: Како што гледам пораката на Ахмети е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ

21/03/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да ја коментира изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој ги повика сите партии на Албанците да се обединат за заеднички фронт на Европа. Одговарајќи на новинарско прашање премиерот рече дека не стравува оти бројот на министри Албанци во Владата би се зголемил со евентуален влез и на други партии на Албанците во владејачката коалиција.

– Ќе мора да го прашате за коментар господинот Ахмети. Јас не можам да коментирам негови изјави меѓутоа пораката е, како што јас ја гледам, господинот Ахмети, како и јас, како и претседателите на партиите, кои што се во нашата владина коалиција, сме за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, рече премиерот на прес-конференција во Владата.

На прашањето дали стравува дека дополнително би се зголемил бројот на министри Албанци во Владата, Ковачевски рече дека не стравува од тоа, бидејќи за него сите луѓе се исти и оти етничката припадност не е професија.

– Јас никогаш не сум стравувал по кој било основ во врска со кој било човек. За мене сите луѓе се исти и пред закон и пред критериуми за оценување на нивната професионалност. Јас сум кажал во неколку наврати дека за мене етничка припадност не е професија. Ние имаме исклучително квалитетни луѓе кои што се Македонци, Албанци, Власи, Турци, Срби, Роми, Бошњаци…, сите коишто живеат во нашата држава и сите тие го дале својот придонес за унапредувањето на нашата држава, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека земјата ги доби највисоките комплименти за организирање на разговорите помеѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ во саботата и во неделата во Охрид.

– Од ниво на држава пред 31 држава, до ниво денес да бидеме земја членка на НАТО, да бидеме земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со ОБСЕ во најтешката година за европскиот континент, земја во која што се депонирани договорите од Берлинскиот процес потпишани помеѓу сите земји членки на ЕУ и она што е исклучително важно и на што треба сите да сме исклучително горди – држава која во минатото по различни држави беше дел од преговори по преговарачки маси во саботата и неделата ние бевме државата на која што и се даде довербата да ги организираме преговорите помеѓу Србија и Косово, нешто што го направивме на најврвно ниво. Сакам да се заблагодарам на сите институции и каде што и од ЕУ и од САД и од претставниците на Косово и на Србија добивме и комплименти и благодарност за сето тоа што го направивме и што организиравме за мирен Балкан и за Балкан кој што се движи кон ЕУ, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy