Ковачевски ги седна на маса коалициските партнери – еве за што разговарале!
Реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднина на државата, се дел од темите за кои премиерот Димитар Ковачевски разговарал на работната вечера во Клубот на пратеници со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии со кои СДСМ заедно настапи на последните парламентарни избори и кои се дел од владината коалиција.
Изјави по средбата немаше, а за тоа што се разговарало информираше премиерот Ковачевски на „Фејсбук“.
-Во пријатна атмосфера разговаравме за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат и чекорите за обезбедување европска иднината на државата, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Претходно, во седиштето на СДСМ, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ одржа средба со коалициските партнери.