
Ковачевски ќе ја слави Новата година во кафуле: Така било со години, после една-две пијачки..
Премиерот Димитар Ковачевски, доаѓањето на Новата 2024 година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња.
Денот, како што вели, ќе го заврши со семејството.
„Како и секоја година ќе ја прославам Новата Година. Јас сум човек кој секогаш за 31. декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пијачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството“, изјави Димитар Ковачевски.

