
Ковачевски: Дискурсот на Бугарија кон Македонија сличен како тој на Русија кон Украина
Премиерот Димитар Ковачевски на дебатата „обединети за Европа“ во Самитот на Европскиот совет кој се одржува во Рекјавик, испрати порака до Бугарија велејќи дека дискурсот на Софија кон Скопје е сличен на тој на Москва кон Киев.
„Дискурсот кој се користи од Бугарија кон С. Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа. С.Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права“, вели Ковачевски.