Ковачевски: Алијанса за Албанците секогаш докажувала дека е за интеграција на нашата држава во ЕУ
Јас во низа изјави и како премиер на Влада и како претседател на партијата, меѓутоа и други коалициони партнери кои што се дел од Владата имаме дадено изјава дека сите политички партии кои што се наоѓаат на оваа лента, а тоа е непречено одвивање и носење на одлуки во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ, се добредојдени во Владата. Ова вечерва го порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата 360 Степени на Алсат Телевизија.
Но, за тоа да се случи, истакна Ковачевски, прво мора да се програмски да се усогласат политичките партии и второ кадровски да се усогласат, а до овој момент, такви разговори за кадровско и програмско усогласување со потенцијално нови партнери во Владата нема дојдено.
Според претседателот Ковачевски Алијанса за Албанците секогаш практично докажувала дека е за интеграција на нашата држава во ЕУ.
„Едно такво проширување се разбира дека би значело зголемување на фронтот кон сојузот на политички партии кои што се ЗА европска Македонија. Истовремено тоа би значело изолирање на политичките партии кои се против ЕУ и против зачленувањето во НАТО а тоа се Левица и ВМРО – ДПМНЕ кои што на една страна. Левица декларативно и програмски е против евроатлански интеграции на државата а ВМРО – ДПМНЕ деклартивно е за меѓутоа со сите постапки во текот на изминатите децении е против“ порача претседателот Ковачевски за ТВ Алсат.