Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновски: КЗ има направено непоправлива штета, ако Собранието не направи измени, Уставниот суд ќе донесе одлука!
Македонија

Костадиновски: КЗ има направено непоправлива штета, ако Собранието не направи измени, Уставниот суд ќе донесе одлука!

12/11/2025

AA

Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои е предметот со измените на Кривичниот законик, извештајот на Европската унија за владеењето на правото, состојбата со судиските плати, предметите поврзани со изборите, постапката за избор на судија во Европскиот суд за човекови права.

Костадиновски потенцираше дека измените на членот 353 од Кривичниот законик со кои беа намалени казните за злоупотреба на службената положба, создале состојба на „огромен суфицит на неказнивост и дефицит на одговорност. Тој потсети дека Собранието имало рок од шест месеци да ги преиспита спорните одредби, но тоа не го сторило, иако рокот истекол во август. Претседателот на Уставниот суд најави дека до крајот на месецот ќе побара информација од судијата-изввестител за овој предмет. 

“Кривичниот законик има направено непоправлива штета. Во нашата држава царува неодговорноста, а неказнивоста со тој закон само продолжи. Ние одредивме рок од 6 месеци за измени, рокот истече во август. Имавме разбирање како суд за изборниот процес и јас како претседател сум должен да постапувам, а Собранието е должно да го почитува Уставот, а со тоа да ги почитува и нашите одлуки. До овој момент го нема сторено тоа, кажа претседателот на Уставниот суд. 

Костадиновски ги објасни разликите при одлучувањето и ефектите од евентуалните одлуки и ја истакна разликата помеѓу укинувањето и поништувањето на одредбите или целиот Закон. 

„Ако Уставниот суд на наредната седница, хипотетички го стави предметот на Дневен ред и го укинеме, ние ќе станеме исти како оние кои ги донесоа спорните одредби. Доколку Уставниот суд го укине Законот, не се враќа во живот старото законско решение и тоа ќе биде едно зелено светло да може да се краде колку што се сака и никој да не одговара. 

Мој личен став е доколку Уставниот суд го поништи целиот закон за измените на КЗ, во своето образложение ќе каже зошто го поништува, бидејќи е донесен во нетранспарентна постапка без јавна расправа, тогаш според мое мислење, се враќа во сила претходното правно правило. Или поедноставно да кажам, поништувачкиот ефект има колективна правна амнезија, како да не се случило. Ова е многу важно,а сосема е различно ако Уставниот суд одлучи да поништи некои одредби од закон, тогаш е различно и ефектот ќе биде различен. Ние изразивме сомнеж за целиот закон. Многу е важна оваа диференција што ја кажувам, како нашата одлука ќе ја применуваат судовите. Истата дилема беше отворена со одлуката за помилување и тогаш и по тие расправи гледам дека нема единствено мислење. Ако се поништи цел закон, тогаш во живот се враќа старото законско решение. Ако Собранието одлучи да постапи по нашата постапка, не може преку ноќ, со европско знаменце да го донесе Законот, изјави претседателот на Уставниот суд. 

Претседателот Костадиновски ја анализираше и можноста од примена на членот 88 од Актот на Уставниот суд и ефектот од таквото постапување во конкретниот предмет. 

„Јас ќе кажам мој личен став, во нашиот Акт, кој операционализира уставна материја, според членот 88, Уставниот суд може да го определи начинот и рокот за донесување на правната одлука. Тоа значи дека може да одлучиме да го укинуваме законот за изменување и дополнување на КЗ, но правното дејство ќе стапи во сила во Февруари и со тоа правиме дополнителен притисок врз Собранието и веќе немаат право на избор. 

Јас веќе најавив, ние сме должни да го чуваме угледот на Судот и доколку Собранието до последната седница на Уставниот суд во декември не ги направи измените, јас ќе го ставам на дневен ред предметот и ќе одлучуваме”, изјави претседателот Дарко Костадиновски.

Осврнувајќи се на последниот извештај на Европската комисија, Костадиновски изјави дека оценките се реални и укажуваат на застој во реформите.

„Во континуитет ги следам извештаите и тие ја даваат реалната слика, последниот Извештај на ЕК не утврдува ниту прогрес ниту уназадување и ние сме во една status quo состојба и тоа укажува дека граѓаните немаат доверба не само во судството, туку во целиот државен апарат. “ рече Костадиновски.

Во извештајот, според него, се нотирани и забелешки во делот на измените на Кривичниот законик и спроведувањето на одлуките на Уставниот суд, што дополнително го доведува во прашање кредибилитетот на институциите.

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски остро се осврна и на привилегиите на функционерите и финансирањето на политичките партии.

„Граѓаните преку буџетот ги плаќаат политичарите четири пати – за маркетинг, за освоените гласови, за нивните функции и за апанажи по завршување на мандатот. Тоа е неправедно и создава перцепција дека функцијата е привилегија, а не одговорност,“ рече тој.

Костадиновски порача дека реформите во правосудството мора да бидат искрени и суштински, со еднакви стандарди за сите, „без политички или етнички манипулации.

„Граѓаните изминатиот период имаа можност да видат жестока политизација, па дури и етнизација во некои политички субјекти. Дел од политиките кои ги критикуваа постапките на Уставниот суд беа поразени. Можам да искажам задоволство од зрелоста што ја покажаа граѓаните и тоа треба да биде поука за сите останати политички фактори.”, изјави претседателот на Уставниот суд. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy