Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска по повод 100 години од раѓањето на Чеде Филиповски-Даме: Само храбрите носат тешки одлуки во неизвесни времиња
Македонија

Костадиновска-Стојчевска по повод 100 години од раѓањето на Чеде Филиповски-Даме: Само храбрите носат тешки одлуки во неизвесни времиња

16/11/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска е во работна посета на Гостивар, на Градскиот плоштад се обрати на настанот по повод 100 години од раѓањето на еден од најголемите македонски херои и борци, Чеде Филиповски-Даме.

Во своето обраќање, министерката за култура ги истакна придонесот и пожртвуваноста на Чеде Филиповски во отпорот и борбата за ослободување од фашистичката окупација за време на Втората светска војна.

„Пред споменикот на нашиот народен херој Чеде Филиповски-Даме, од Гостивар се потсетуваме на пораката дека достоинството им прилега на храбрите и дека храбрите се нашето достоинство, нашиот идентитет, нашата инспирација. Само храбрите носат храбри одлуки во тешки и неизвесни времиња“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека и по 100 години од неговото раѓање и 78 години од неговата прерана смрт, со гордост говориме за Чеде, кој на неполни 20 години имал непогрешливо чувство за војување и неизмерна храброст за јуришање во сите борби од 1941-ва.

„Со таков јуриш, во првите редови, на денешен ден пред 79 години, влегол и во завршната битка за ослободување на Гостивар. Во неговата борба за слобода и во неговата претстава за слободна Македонија сите граѓани биле еднакви, без разлика на нивната етничка припадност. И во тоа е големината, и тоа е што ги прави луѓето големи“, нагласи министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска ја истакна посветеноста на Владата и на Министерството за култура, кои негуваат посебен однос кон нашето антифашистичко минато и кон сите наши борци, народни херои, ослободители.

„Ветивме дека оваа, 2023 ќе биде година во која ќе ги обновиме сите споменици од Народноослободителната војна. Тоа и го правиме. Ме радува достојниот однос на Општината и на жителите на Гостивар кон споменикот на Чеде Филиповски-Даме“, рече министерката за култура, која упати честитки по повод 18 Ноември, Денот на ослободувањето на Гостивар.

На настанот, кој беше во организација на Општина Гостивар, присуствуваа и претставници од Сојузот на борците, членови на семејството на народниот херој Чеде Филиповски-Даме, претставници од Општина Гостивар.

Mинистерката Костадиновска-Стојчевска претходно положи свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој, кој е авторско дело на скулпторот Насо Беќаровски.

Одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Чеде Филиповски се заокружи со проекција на краток филм посветен на овој значаен народен херој, а настапи и групата „Шербет“, како и Културно-уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy