Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска Стојчевска: Не изненадува начинот на делување на ДПМНЕ, се што понудија ретерираа
Македонија

Костадиновска Стојчевска: Не изненадува начинот на делување на ДПМНЕ, се што понудија ретерираа

02/02/2024

AA

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија Тера истакна дека однесувањето на ДПМНЕ во однос на техничката влада, ќе учествуваме па нема да учествуваме и нивното седење во сала, а не гласање беше доста очекувано.

Долго време сме сведоци на делувањето на ДПМНЕ во Собранието, со блокади. Морам да кажам дека овој пратенички состав од кој што јас бев дел, се соочи на една невидена блокада во Собранието од страна на ДПМНЕ на закони кои што на моменти требаше да се донесат за доброто на сите, многу голем дел закони од областа на образование, закони кои што за нив беа на еден начин спорни, кои,откако ги изгласаа, дали тоа ќе беше зад затворени врати или на комисиска седница, понатаму не им беа спорни, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека не изненадува начинот на делување на ДПМНЕ и нивната недореченост, нивното постојано еден чекор напред, десет назад, нивното постојано премислување и ветувања.

Костадиновска Стојчевска нагласи дека техничката влада има примарна цел да ги организира изборите има и одредби и закони кои што мора да се носат и нивното неучествување во Влада е како мали деца, сакам да учествувам, сакам да ме изгласате, ама неќам да учествувам.

Имаме многу докази, уверувања имавме дека ниту она што Мицкоски го нудеше на почеток дека преговарачката рамка би можел да ја репреговара, видовме дека неговиот министер она што го ветуваше за патните исправи, за враќање на старото име, видовме тоа што значи, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека, ниту го кажува планот како ќе владее, а кога кажа една мерка од 5000 денари за пензионерите, неговата членка на извршен комитет веднаш го демантира, ќе учествуваа, па немаше да учествуваат во техничка влада, во последните 15 години немало подемантирана опозиција од оваа што е во овој момент.

Мене би ми било многу срам да имам претседател на партија за кој што највисоки меѓународни претставници би изјавиле дека јас од него не би купила ни кола а камоли да ме убеди да одам на избори. Се што понудија понатаму ретерираа, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Она што го кажува пред неговото членство е едно, меѓутоа она што го кажува по странските амбасади е друго. Тој ветува се, само за да стане премиер. Така што навикнати сме на таа несериозност и мислам дека колку анкети и да направат, и луѓе блиски до него, и тој да се обиде да се оддалечи од некои анкети, вистинскиот ден за анкета е денот на изборите и тогаш граѓаните ќе кажат што е она што го препознаа, од кои мерки се задоволни, граѓаните веќе гледаат дека со нив нема излез од оваа ситуација. Дека таа е првата партија којашто е впишана во извештајот за европски напредок на РСМ како партија кочничар. Јас се сомневам дека некој би сакал да гласа за партија којашто не нуди иднина за своите деца, туку нуди стоење во место повторно онака како што стоевме во место 11 години, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија Тера.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46679
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со 6 возила

09/11/2026

Голњм пожар избувна попладнево во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит-пазар во Скопје. Од

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД ДРУГИ МОТИВИ Инспекторатот за јазици

09/11/2026

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска ги отфрли обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени и уплати за комуналии и

09/11/2026

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на Алта банка АД Битола кои имаат платежни сметки во банката, а не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy